БЕЗВЛАСТИЕ ВО БОЛИВИЈА: Земјата потсетува на Либија, вели Путин

Рускиот претседател Владимир Путин во коментар за ситуацијата во Боливија изјави дека оваа латиноамриканска земја се наоѓа на работ на хаос.

-Боливија е на работ на хаос. Постојат елементи на мешање однадвор, но тие секогаш се појавуваат таму каде постојат внатрешни компликации. Настана ситуација кога воопшто нема власт, или сите моментални власти се повлекле. Безвластие. Генерално зборувајќи ова потсетува на Либија- оцени рускиот претседател, по завршувањето на самитот на БРИКС во Бразил.

Путин, исто така, потсети на обидот за државен удар во Венецуела, истакнувајќи дека ситуацијата во Латинска Америка се менува многу брзо. Тој нагласи дека се надева дека здравиот разум, одговорноста и разбирањето на интересите на своите граѓани ќе ги надвладеат партиските амбиции на политичките сили, потсетуваат рускикте медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот