Безос купува „суперјахта“ од 500 милиони долари: Толку е голема што има сопствена јахта

Фото: Профимедиа / ЕПА

Сопственикот на Амазон Џеф Безос наводно купува „суперјахта“ долга 127 метри, а толку е голема што има сопствена помошна јахта со хелидром.

Проценетата цена на јахтата, без да се вклучи онаа за поддршка на бродот, изнесува 500 милиони долари, а холандскиот производител „Океанко“ не објави многу детали за бродот наречен „Проџект 721“.

Иако половина милијарда долари се неверојатен износ на пари за повеќето луѓе, тоа е само мал дел од 75 милијарди долари колку што Безос заработи само во 2020 година. Според последните податоци, неговото вкупно нето богатство изнесува нешто помалку од 200 милијарди долари.

Акциите на „Амазон“, кои се инаку основниот извор на богатството на Безос, пораснаа за неверојатно 75 отсто минатата година бидејќи пандемијата ја влоши состојбата на потрошувачите во корист на комапниите, а на Вол стрит масовно беа вложени пари.

Безос не беше осамен во стекнување на огромното богатство, американските милијардери во 2020 година заработија 1,1 илјади милијарди долари, што ги направи речиси 40 отсто побогати отколку пред пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот