Бездомник умрел со 1 евро во џебот: Кога почнале да копаат по неговиот живот, останале без зборови

Бездомник (75) кој умре од ладно на железничката станица во Милано минатата недела, имал повеќе од 100.000 евра во банка и 19.000 евра во акции, како и месечна пензија од 750 евра од времето кога работел во Минхен.

Станува збор за Умберто Квинтино Дијако, кој исчезнал од дома кога имал само 17 години и отишол да работи во Минхен, напиша Кориере дела Сера, а пренесе агенцијата АНСА.

– Тој одлучи да исчезне засекогаш, рекле членовите на фамилијата, а не е познато како успеал да направи толку пари.

Старецот поседувал куќа во Калабрија и две комби возила, со платено осигурување. Кога бил пронајден мртов на станицата Порта Гарибалди во Милано, имал само 1,2 евра во џебот.

Неговата сестра Кјарина за Кориере рекла дека „фамилијата сакала да го пронајде, но тој не сакал да биде пронајден“.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот