Безбедносните сили пронајдоа трета експлозивна направа скриена во пошта во воздухопловната база на Шпанија

/ Фото: EPA/FELIX KAESTLE

Трето писмо-бомба е пронајдено во воздухопловната база на Шпанија во Торехон де Ардоз, во близина на Мадрид, пишува денеска весникот „Ел Мундо”.

Писма-бомби беа испратени вчера до Украинската амбасада во Мадрид и до шпанската компанија за производство на оружје во Сарагоса што произведува ракетни фрлачи и ги донира на Киев, соопшти полицијата, која ја истражува евентуалната поврзаност на двете писма-бомби.

Во првиот инцидент, вработен во Украинската амбасада во Мадрид беше повреден кога отворил писмо-бомба упатено до амбасадорот, поради што Киев нареди зголемени безбедносни мерки во сите свои амбасади во странство.

Неколку часа подоцна, компанија за производство на оружје во Сарагоса во североисточна Шпанија добила сличен пакет, потврди полицијата.

По првиот инцидент, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба им нареди на сите украински амбасади во странство „итно” да ја зголемат безбедноста и ја повика Шпанија да започне истрага за нападот, изјави портпаролот на Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот