Безбедно се вратија затекнатите македонски патници од аеродромот во Малта

Тие вчера беа затекнати на аеродромот во Малта, барајќи алтернатива да се вратат во Македонија.

Македонските државјани кои вчера беа заглавени на аердором во Малта, утринава во 8 часот стигнале на скопскиот аеродром со конекциски лет преку Истанбул.

Тие вчера беа затекнати на аеродромот во Малта, барајќи алтернатива да се вратат во Македонија.

Патниците испаничиле бидејќи неофицијално слушнале дека аеродромот во Малта од понеделник ќе се затвори, што дополнително предизвикало да побараат помош во Министерството за надворешни работи, и во македонската амбасада во Рим.

– Македонските државјани имаа предност при купувањето на авионските карти на Туркиш Ерлајнс, сами си ги плаќавме, но барем сега сме дома – вели ќерка на една од патничките во авионот за Слободен печат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот