Безбедни кредитни картички

Credit line: Oleg Elkov / Alamy / Alamy / Profimedia

Безбедни кредитни картички – што значи ова? Дали треба да сте на „готовс“ од некаков упад во вашите пари? Апсолутно не. Треба само проактивно да делувате на безбедноста на вашите трансакции и да избегнете евентуални потешкотии.

Eве неколку начини со кои можете да го постигнете тоа.
1. Практикувајте да ја користите картичката од првиот ден

Кога ќе ја подигнете картичката, веднаш активирајте ја со вашиот личен безбедносен пин. Активирајте ги предупредувањата околу сомнителни активности и известувањата доколку има некаква трансакција без ваше одобрение. Така ќе се заштитите и доколку ја изгубите картичката. Изберете си силна лозинка за ПИН, нешто што нема да биде вашиот датум на раѓање или дел од матичниот број. Барем тоа можете да го направите веднаш.

2. Бројот на сметката држете го во приватност

Чувајте ја вашата картичка на сигурно место во вашиот паричник. Бидете селективни и кога давате број на сметка по телефон. Секогаш имајте предвид дека давање информации од овој тип е исклучително сензитивно.

3. Побарајте од банката дополнителна заштита

Во новите продукции на кредитни картички, постојат навистина софистицирани безбедносни опции. Една од нив е можноста за 3D secure protocol. Придобивките од овој протокол се големи. Кај нас, „Халкбанк“ АД Скопје предничи со оваа безбедносна заштита. Картичките издадени од „Халкбанк“ АД Скопје се со највисок меѓународен стандард за интернет-заштита. Повеќе за оваа можност, разгледајте овде.

4. Ажурирајте ги вашите податоци

Известете ја банката доколку смените адреса, се преселите или имате промена во личните податоци. Така, сите хартии и известувања што треба да стигнат на вашата нова адреса, нема да завршат во непознати раце. Регистрирајте се и за известувања од страна на банката, оставајќи ваш телефонски број доколку банката има потреба од итен контакт со вас.

Со овие корисни, едноставни совети, направете си подобро искуство во секојдневното користење на вашите картички и оптимално заштитете ги вашите средства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот