Без вода утре дел од корисниците од Кисела Вода и Центар

Вода/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот ќе имаат дел од корисниците од булеварот „Борис Трајковски”, односно потегот од крстосницата со булевар „Србија” до Охис.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на булевар „Борис Трајковски” 11/1.

Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат и дел од корисниците лоцирани на улицата „Христо Смирненски”. Прекинот е поради изведување водоводен приклучок на оваа улица.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот