Без вода денеска се корисниците на улиците „Самоилова“ и „Банатска“ и населено место Трубарево

Без вода денеска од 11:50 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Самоилова” и „Банатска“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради уличен дефект 6/4 на бул. „Никола Карев“ бб (во близина на Амбасадата на САД).

Исто така, денеска без вода од 11:45 часот ќе останат корисниците од населено место Трубарево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач ф-100мм на затворач на ул.38/1 во Трубарево.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот