Без вода дел од неколку скопски општини

Без вода / Фото: Архива на „Слободен печат“

Без вода денеска ќе останат корисниците од неколку улици во општините Аеродром, Карпош, Кисела Вода и Сарај.

Како што информираат од РЦУК во периодот од 08 до 11 часот, без вода ќе бидат корисниците на дел од улица „23 Октомври” броевите 1А, 111, и 113, во општина Аеродром, во периодот од 09 до 15 часот, корисниците на дел од улица „Бањалучка”, улица „Будимпештанска”, „Женевска” и „Бојковска” и улицата „Ристо Равановски” во непосредна близина на улица „Борка Талески”, во општина Карпош, како и корисниците од улица Ваташа, во Кисела Вода.

Прекинато водоснабдување од 12 до 15 часот, ќе имат и корисниците на улица „Михаил Чеков”, улица „Димо Хаџи Димов” 177, 179 и 181, улица „Димо Хаџи Димов” улиците со парни броеви од 134 до 152, Марко Орешковиќ непарни броеви од 59 до 71, општина Кисела Вода и во периодот од 09 до 12 часот, корисниците на дел од село Шишево во општина Сарај.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот