Без вода дел од населбата Чаир

Без вода / Фото: Архива на „Слободен печат“

Прекин во водоснабдувањето вечерва од 19 часот ќе имаат корисниците од улиците „Коста Абрашевиќ“ и „Панче Неделковски“ и дел од ул. „Цветан Димов“ во населбата Чаир, информира ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Прекинот е поради дефект на водоводна мрежа Ф 80мм на ул. „Коста Абрашевиќ“ бр. 82, а ќе трае до отстранување од страна на екипите на ЈП „Водовод и канализација“.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот