Без траги на насилство пронајдено тело на 48-годишен маж

Во бездна во атарот на селото Ѓузумелци, Општина Лозово вчера од семејството е пронајден 48 годишниот Д.З. Неговото беживотно тело е пронајдено во месноста „Бели Брег”. Повикана е Итната медицинска помош од Свети Николе, а лекарот констатирал дека на неговото тело нема траги на насилна смрт.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека од страна на полицијата е извршен увид на местото на настанот. Истиот ден во Полициската станица Свети Николе, 61 годишниот С.Г од Свети Николе пријавил дека на улицата „Плоштад Илинден” во Свети Николе го пронашол починат 73 годишниот Б.З од Свети Николе. Од страна на лекар било  констатирано  дека на телото нема траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Свети Николе.

Во текот на вчерашниот ден нотиран е еден физички напад во Кочани и агресивно однесување кон полициски службеник во Кочани. Панајотова вели дека 44 годишниот И.М од Кочани агресивно се однесувал кон полицискиот службеник. Лишен е од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот