Без титула, но и без пари: Хари и Меган ќе живеат само од лични приходи

Палатата објавила дека Хари и Меган повеќе нема да добиваат јавни пари за кралските должности и дека ќе ги вратат парите кои ги потрошиле за обнова на својата куќа во Фрогмор, односно 2,4 милиони фунти.

Нов шок во кралскиот дворец – принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) останаа без титула, односно више нема да им се обраќаат со „нивното височество“, пишува BCC. Тоа значи дека сега, помеѓу останатото, може да ги прифаќаат комерцијалните понуди кои ги сакаат. Сепак, тие двајца и понатака ќе останат војводи од Сасекс и така од сега па натака ќе им се обраќаат.

Палатата објавила дека Хари и Меган повеќе нема да добиваат јавни пари за кралските должности и дека ќе ги вратат парите кои ги потрошиле за обнова на својата куќа во Фрогмор, односно 2,4 милиони фунти. Таа куќа планираат да ја задржат како свој дом во Обединетото Кралство.

Исто така, брачниот пар повеќе нема да ја претставува кралицата Елизабета Втора (93). Договорот на сила ќе стапи оваа пролет.

„После повеќемесечни разговори и нови расправии, драго ми е што заедно пронајдовме конструктивен и соодветен пат за мојот внук и неговото семејство. Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат многу сакани и почитувани членови на моето семејство“, напишала кралицата Елизабета во службеното соопштение.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on

„Ги препознавам предизвиците кои ги искусија како резултат на интензивниот надзор во последните 2 години и ја подржувам нивната желба за самостоен живот. Сакам да се заблагодарам на нивната посветена работа во оваа земја, во Комонвелтот и пошироко, а посебно сум горда на тоа што Меган толку брзо стана дел од нашето семејство кое се надева дека денес ќе постигне договор за да овозможи почеток на среќен и мирен нов живот“, додала таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот