Без струја утре повеќе улици во Аеродром и Ѓорче Петров

Без струја
Струја / Фото: МИА

Поради веќе закажани технички зафати без струја утре ќе бидат повеќе улици во Аеродром и Ѓорче Петров.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, од 8 до 16 часот без струја во општина Аеродром ќе бидат дел од корисниците од булевар „Видое Смилевски Бато“, спроти ПСС, и тоа блокови 1, 3, 5 и 9, а од 9 до 13.30 часот струја ќе немаат корисниците од улица „Митре Влаот“ и „Архиепископ Сотир Томосвски“.

Во Ѓорче Петров, корисниците од улиците „Атанас Иљоски“ и „Борис Сарафов“ без струја ќе бидат од 9 до 12 часот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот