Без струја утре повеќе делови од Скопје

Без електрична енергија утре од 09.00 до 13.00 часот ќе бидат корисниците од улица „Пандил Шишков” бр. 8. во Општина Аеродром.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија од 09:00 до 14:00 часот ќе останат и корисниците од дел од село Глуво во Општина Чучер Сандево.

Од 09.00 до 14.00 часот без електрична енергија утре ќе бидат корисниците од дел од село Кондово, во општина Сарај.

Без струја од 10.30 до 13.00 часот ќе бидат и корисниците од улица 1596, улица „Кузман Шапкарев” и дел од улица „Ѓорче Петров” во околината на Болница – Свети Лазар, во Општина Ѓорче Петров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот