Без струја утре повеќе делови од Скопје

Без струја
Струја / Фото: МИА

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Бутел, Кисела Вода и Студеничани, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Во периодот од 06:00 до 07:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од индустриската зона – Визбегово, Општина Бутел, а во оваа општина ќе има прекин на струјата од 07:30 до 15:00 часот и за корисниците од улиците „Босна и Херцеговина” и  „Цетињска”.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Методија Патчев” од бр. 27 до бр. 33 и улицата „Антон Димитров” од бр. 134 до бр. 154 во населба Драчево, Општина Кисела Вода, а од 09:00 до 15:00 часот без напојување со струја ќе останат село Маркова Сушица и објектите во Марковиот Манастир, Општина Студеничани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот