Без струја утре повеќе делови од Скопје

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров, Бутел и Центар, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Андреа Зограф”, „Црногорска” бр.14 (од број 2 до 14), „Црногорска” од број 2 до 72, „Црногорска” бр.49 и 51 и околината, „Александар македонски” позади бензинската пумпа и околината, дел од улица „Смилевска”, дел од улицата „Борис Сарафов” (во близина на бензинскат пумпа и околината), Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 08:55 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од село Љуботен, кои се наоѓаат помеѓу селата Љуботен и Љубанци, Општина Бутел.

Во периодот од 11:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улицата „Стив Наумов”, Општина Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот