Без струја утре повеќе делови од Скопје

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Сопиште и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:15 до 15:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од ул.1 во Општина Гази Баба, во делот од училиштето до обиколницата.

Во периодот од 12:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Штросмаерова” во Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел корисниците од улицата „Рељо Шестокрило”, како и од улицата „Брегалничка” во Општина Шуто Оризари.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од сите стопански и нестопански субјекти од село Држилово, село Патишка Река, како и репетиторите на Карст Јаболци и ПЦЦ Хидро во Општина Сопиште.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Огражден” зграда бр.97, „Никола Русински” зграда бр.4, „Карпошо Востание” зграда бр.8, бараките на бивша Општина Карпош, како и градинката Орце Николов, Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот