Без струја утре повеќе делови на Скопје

Фото: Драган Митрески / Слободен печат.

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Сарај, Карпош, Центар, Студеничани и Зелениково, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 15:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците „Анастас Митрев” и „Венјамин Мачуковски3″ во Општина Аеродром.

Во периодот од 08:45 до 12:00 часот, пак,  без струја ќе бидат дел од корисниците од село Глумово лоцирани позади основното училиште, Општина Сарај, од 09:00 до 12:00 часот  корисниците од село Горно Нерези, Општина Карпош, а од 09:00 до 14:00 часот корисници од улицата „Орце Николов”, Општина Центар.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Горно и Долно Количани, Рамни Габер, Вртекица и Пагаруша, Општина Студеничани, а од 10:00 до 13:00 часот корисниците од село Орашани – место викано Нерезини, Општина Зелениково. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот