Без струја утре ќе останат делови од Аеродром, Кисела Вода, Сопиште, Илинден и Студеничани

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа.

Без струја утре од 8:30 до 15:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „8″ и „9″ во населбата Илинден.

Во периодот од 8:30 до 15:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците од село Нова Брезница и Сателитскиот Центар – Нова Брезница и Ловиштето – Јасен, Општина Сопиште.

Без снабдување со струја утре од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „7″ во село Батинци, а од 9:00 до 16:00 часот корисниците од улицата „Христо Татарчев” од бр. 204 до бр. 228.

Во периодот од 11:00 до 14:00 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Симеон Кавракиров”, дел од улицата „Вангел Тодоровски” и дел од улицата „Коста Новаковиќ”, Општина Аеродром.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот