Без струја утре и задутре повеќе делови од Скопје

ЕВН Македонија
ЕВН Македонија АД / Фото: МИА

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре и задутре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Центар, Чучер Сандево и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 9.00 до 15.00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од селата Рашче, Копаница и Бојане, Општина Сарај.

Во периодот од 8.00 до 12.00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Македонија (делот од Рекорд до ресторан Пелистер), Општина Центар.

Во периодот од од 9.00 до 14.00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Побожје и Кучевиште, Општина Чучер Сандево.

Во периодот од 12.00 до 15.00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Марко Орешковиќ” непарни броеви од 59-71, „Димо Хаџи Димов“ непарни броеви од 177 – 181 и „Димо Хаџи Димов” парни броеви 134 – 152, Општина Кисела Вода.

Извор: МИА

Видео на денот