Без струја утре и задутре дел од жителите на Центар, Аеродером, Бутел, Кисела Вода и Ѓорче Петров

Струја / Фото: ЕПА

ЕВН информира дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре и задутре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Центар, Аеродром, Кисела Вода, Бутел и Ѓорче Петров.

Утре, од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Тетовска бр. 38, општина Центар. Во истата општина, од 09:00 до 15:00 часот, утре без струја ќе бидат и корисниците на ул.Пролет 8 и ул. Мирче Ацев згради со бр. 1, 3, 5 и 7. Од 11:00 до 13:30 часот, без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците на улицата „Тодор Чангов”, поточно крак бр. 20, во општина Аеродром.

В четврток, од 08:00 до 09:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Гоце Стојчевски зграда бр. 5 и Ул. Лазо Москов зграда бр. 2,  општина Бутел.  Во истата општина, од 08:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците одд бул. Босна и  Херцеговина во близина на Железничка Станица Север. Од 08:30 до 11:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. Румена Хаџипанзова, општина Кисела Вода.

Од 09:00 до 14:00 часот, електрична енергија ќе немаат корисниците од дел од с. Волково, (во близина на спортското игралиште), општина Ѓорче Петров.

В четврток, од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Иван Козаров од бр.2 до 22 и од бр.33 до 51, во општина Кисела Вода. Во истата општина, од 12:00 до 14:00 часот, ќе бидат и корисниците од ул. Михаил Чаков бр. 3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот