Без струја утре и задутре дел од корисниците на Кисела Вода и Карпош

Без струја
Струја / Фото: МИА

 ЕВН известува дека утре и задутре, заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општините Кисела Вода и Карпош.

Од 09:00 до 11:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Борис Трајковски” крак бр. 1 и бр. 7. во Општина Кисела Вода.

Во истата општина, од 14:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од   ул. „Димо Хаџи Димов”, куќни броеви од бр. 40 до бр. 68.

Задутре, на 18 јануари (вторник), од 08:30 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидар корисниците  од  ул.„Петар Драпшин”, куќни  броеви: 1, 4, 5  и 7, во Општина Кисела Вода.

Од 08:30 до 14:00 часотбез струја ќе бидат корисниците  од  дел од ул. „Малешевска” во Општина Кисела Вода.

Од 13:00 до 15:30 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од ул. „Костурски Херои”,  куќни броеви: 49 , 51, 53  и 55 во општина Карпош .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот