Без струја утре и во недела делови од Гази Баба, во понеделник дел од Ѓорче Петров

Без струја
Струја / Фото: МИА

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа следните три дена без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

– Во сабота, во периодот од 08:00 до 15:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Петре Георгиев”, „Челопек”, „173″ и дел од ул. „Ордан Чопела”, Општина Гази Баба.

– Во недела, во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе останат корисниците од дел од ул. „Благоја Стефковски” – кај складот на „Макпетрол” и кај пругата, Општина Гази Баба.

– Во понеделник, во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.„Ѓорче Петров” од бр. 70 до бр, 110, Општина Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот