Без струја утре делови од општините Студеничани, Сарај, Аеродром и село Долно Лисиче

ЕВН Македонија
ЕВН Македонија АД / Фото: МИА

Без напојување со електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Студеничани, Сарај, Аеродром и село Долно Лисиче, соопшти РЦУК – Скопје по известување од ЕВН Македонија АД.

Во периодот од 8 до 11 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во селото Морани во општината Студеничани, а од 9 до 11 часот корисниците од селото Шишево во општината Сарај.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во селото Долно Количани во општината Студеничани, од 11 до 13 часот дел од корисниците од ул. 20 и ул. 22 во селото Долно Лисиче, како и корисниците лоцирани во близина на гробиштата во селото Долно Лисиче во општината Аеродром.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот