Без струја утре делови од општините Чучер Сандево, Кисела Вода, Карпош и Сопиште

Без струја
Струја / Фото: МИА

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат корисници од неколку делови од општините Чучер Сандево, Кисела Вода, Карпош и Сопиште, соопштија од ЕВН.

Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од село Чучер во Општина Чучер Сандево, а дд 9 до 15 часот и корисниците на патниот правец Кисела Вода – Сопиште, првата улица лево по ресторан „Теферич” во Општина Кисела Вода.

Од 10 до 12 часот без електрично напојуње ќе бидат корисниците од дел од улица Козле во Општина Карпош, а од 11 до 15.00 и корисниците од дел од ул.16 во село Сопиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот