Без струја утре делови од Карпош, Кисела Вода и Сарај

ЕВН Македонија
ЕВН Македонија АД / Фото: МИА

Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците во делови од општините Карпош, Кисела Вода и Сарај.

Како што соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД, без електрична енергија од 9.45 до 14 часот ќе бидат објектот на Асиба, Архивот и околните објекти, а од 9.35 до 13.30 часот дел од објектите во Градскиот парк во општина Карпош.

Од 8.30 до 11.30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од улицата „Франц Харкорт Манинг“, дел од улицата „14-ти Декември“, ОУ „Круме Кепески“, дел од улицата „Георги Димитров“ (кај Тенекс), а од 9.30 до 11.30 часот корисниците од улиците „Герника“ 6, „Герника“ 8 и „Герника“ 10 во општина Кисела Вода.

Без струја од 10 до 14 часот ќе бидат корисниците на дел од село Ласкарци во Општина Сарај.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот