Без струја утре дел од корисниците во Центар, Аеродром, Ѓорче Петров и Чаир

ЕВН Македонија
ЕВН Македонија АД / Фото: МИА

Електрична енергија утре од 8.30 до 12.30 часот ќе немаат корисниците од ул. Хоџа Атула Куртиши Ата од бр.12 до бр. 35 и од ул. Војдан Чернодрински (зад Полициската станица Бит-пазар) во општина Чаир, соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД.

Од 8.00 до 15.00 часот, струја ќе немаат и корисниците од фирмата „Јавор комерц”, како и сервис „Цилаз” лоцирани на бул. Трета македонска бригада во општина Аеродром, а од 8.15 до 15.00 часот и корисниците од улиците 166, Хусеин Бајрам, 165 и 172 во општина Центар.

Во периодот од 9.00 до 14.30 часот утре, електрична енергија ќе немаат и корисниците на дел од населбата Стопански Двор, објектите околу стопанскиот објект „Галафарм” во општина Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот