Без струја повеќе делови на Скопје

Без струја
Струја / Фото: МИА

Поради техничките зафати во електросистемот на Град Скопје, утре без електрична енергија ќе останат повеќе улици од општините Чаир, Ѓорче Петров, Центар, Гази Баба, Бутел и во Карпош.

Како што информира РЦУК, во периодот од 8:30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Атанас Бабата“ број 26 и околните четири куќи на истата улица, а од 9 до 12 часот корисниците од улицата „1409“ и дел од потрошувачите околу „БК мебел“, како и Железничката станица во Ѓорче Петров.

Во периодот од 9 до 13 часот прекин на струја ќе има на дел од улицата „Даскал Камче“, а од 8:30 до 10:30 часот во дел од улицата „Апостол Гусларот“ до ОУ „Песталоци“ во Општина Центар.

Од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Благоја Стефковски“, поточно потрошувачите помеѓу бензинската станица „Макпетрол“ и средните училиште „Михајло Пупин“ и „Партеније Зоографски“ во Општина Гази Баба.

Во периодот од 13 до 14 часот прекин на струјата ќе има во Радишани, улица „18“  и на улица „Радишанска“ во Општина Бутел, а од 9 до 14 часот корисниците од населбата „Карпош“ на улиците „Милан Марковиќ“, „Леринска“  и „Козле“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот