Без струја комплексот МЗТ во општина Гази Баба, утре прекини во делови од Кисела Вода и Карпош

струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска ќе биде цел Комплекс МЗТ, поточно сите фирми во кругот на Стар Металски завод Тито, во Општина Гази Баба

Како што информира РЦУК-Скопје по известувње од ЕВН, утре, пак,без струја ќе бидат повеќе објекти на улица „Борис Трајковски” во Кисела Вода.

Од 08:30 до 10:00 часот и од 14:00 до 15:00 часот, без електрично напојување ќе биде индустрискиот дел од сервис Џерси до ул.1520 и главен влез на ОХИС, од 08:30 до 16:00 часот, подулица 1 , подулица 7. и објекти во близина на склад Макпетрол покрај пругата, а од 09:00 до 15:00 часот, подулиците со бр. 18, 4, 8, 12, 10, 6.

Во Општина Карпош, утре без струја од 09:00 до 15:00 часот, ќе бидат корисниците на улиците: Миле Поп Јорданов, Стогово, Џумајска, Братфордска и улица Козле бр. 32.  .

По известувње, пак од ЈП Водовод и канализација утре заради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од Ф-300мм на раскрсницата на ул. Босна и Херцеговина со ул. Кемал Сејфула, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Босна и херцеговина, ул. Костурска како и објектите на Поликлиника – Чаир и Медицина на трудот во Општина Бутел.

Поради отстранување дефект на ПП Хидрант на ул. Михаил Чаков бб, утре од 09:00 часот до отстранување на дефектот, без водоснабдување ќе останат корисниците од ул. Михаил Чаков и ул. Ѓорѓи Сугаре во Општина Кисела Вода.

Во истата општина утре, поради отстранување уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф 300мм на ул. Народни Херои (кај ОУ Кирил Пејчиновиќ), од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, без водоснабдување ќе останат корисниците од ул. Народни Херои и ул. Пушкинова.

Поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од Ф 200 мм на Бул. Партизански одреди, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, без водоснабдување во понеделник ќе останат и корисниците од околните објекти во близина на ТЦ Алумина, зградата на Базаро и кулата на Горење во Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот