Без струја и вода утре повеќе улици во Скопје

Без струја утре ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Ѓорче Петров, Гази Баба и Кисела Вода.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја утре од 08:00 до 16:00 часот, ќе останат корисниците од селото Нова Бразница. Од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата „Виа Игнација”, дел од улицата „Ѓуро Салај” и дел од улицата „Мице Козар”.

Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улицата „Христофер Жефаровиќ” и дел од улицата „Томас Минцер”. Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата „Лазар Димитров”, и дел од улицата „Ефтим Спростанов”.

Прекинот со струја е заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Од РЦУК информираат дека поради отстранување појавен уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф – 500мм на ул. Перо Наков, утре од 09:00 часот без вода ќе останат објектите на фирмите Металски Завод – Тито, Тинекс маркетот, Електометал, Форма Нова, Бриколаж, Мерцедес, Фон универзитет и останатите во околината.

Поради менување на затворач на водоводна мрежа со пречник од ф 200мм на булеварот „Асном” од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, намален притисок на водата ќе имаат корисниците од објектите во околината на крстосницата помеѓу булеварот „Асном” и булеварот „Србија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот