Без струја и вода неколку скопски општини

Без струја и вода
Без струја и вода / Фото: Архива на „Слободен печат“

Без струја денеска ќе бидат корисниците од општините Сопиште, Центар, Аеродром, Карпош, Чучер Сандево и Ѓорче Петров, а без вода дел од корисниците во општините Центар, Кисела Вода и Сарај.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН, заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија од 8:30 до 12 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на патот од село Сопиште кон село Горно Соње во Општина Сопиште.

Од 9 до 12 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од дел од булевар „ВМРО” (спроти Пошта) во Општина Центар, од 9 до 15 часот, корисниците од улица „Илија Димовски – Гоче” во Општина Аеродром, од 9 до 15 часот, корисниците од улиците: 1513, 1515 и крак 2 од улица „Саса” во населба Пинтија во Општина Карпош, од 9 до 15 часот, корисниците од викендиците во село Побожје во Општина Чучер Сандево и од 9 до 15 часот, корисниците од дел од село Бардовци, (место викано Рупа) во Општина Ѓорче Петров).

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопшти дека поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф -80 мм на улица „Јордан Хаџиконстантинов Џинот” бр. 21, од 8:30 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе бидат корисниците од истата улица, како и дел од булевар „Илинден” и дел од улица „Аминта Трети” (потегот околу градски парк) во Општина Центар.

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф -100 мм на улица „Димо Хаџидимов” бр. 64, од 9 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица, како и дел од улиците „Божидар Аџија и „Михаил и Ефтихиј” во Општина Кисела Вода.

Поради замена на затворачи во резервоарот за питка вода во село Копаница, од 7 часот до завршување со работните активности, без вода ќе останат корисниците од селата Копаница и Буковиќ во Општина Сарај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот