Без струја денеска делови во Илинден, утре во Зелениково и Центар

Далновод / Фото: EPA

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците во населба Илинден, а утре дел од општините Зелениково и Центар.

Од 10 до 12 часот денеска без струја ќе бидат корисниците од улица „19″ и објектите зад општинската зграда во населба Илинден.

Прекин на електричната енергија утре од 9 до 13 часот ќе имаат корисниците од село Градовци во Зелениково.

Во периодот од 9 до 14 часот утре без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците „Востаничка”, „Партениј Зографски”, „Црниче”, „Димитар Беровски”, „Славејко Арсов” и „Белградска” во општина Центар.

Видео на денот