Без струја делови од неколку улици во Кисела Вода и Карпош

ЕВН Македонија
ЕВН Македонија АД / Фото: МИА

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска ќе бидат дел од граѓаните на Кисела Вода и Карпош.

Од 8.30 до 14.00 часот без струја ќе бидат корисниците од делови на улиците Нагоричанска и Сердарот, а од 9.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од улицата Малешевска во општина Кисела Вода.

Без електрична енергија од 09:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците од дел на улицата Џумајска, а од 9.30 до 13.00 часот корисниците од дел од улицата Јан Хус во општина Карпош.

За утре најавени се прекини во снабдувањето со електрична енергија во Сопиште, Карпош и Сарај.

Од 9.00 до 12.00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 5 во село Сопиште. Од 9.00 до 14.00 часот, корисниците од делови од улиците Иван Цанкар, Вангел Дину и Ацо Шопов, во општина Карпош, а од 9.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од селото Горна Матка, во општина Сарај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот