Без строги епидемиолошки мерки Мадрид е во сериозна опасност

Медицинско лице со Шпанија/ Фото: EPA-EFE/Fernando Villar

 Шпанскиот министер за здравство побара од властите во Мадрид да ги засилат мерките во тоа жариште на епидемијата на новиот коронавирус, предупредувајќи дека жителите на градот и околните региони без поостри мерки се во „сериозен ризик”.

– Мадрид е во ситуација на сериозен ризик и време е да се дејствува одлучно, рече министерот за здравство Салвадор Ила на прес-конференција.

– Постои сериозен ризик за жителите, за соседните региони, додаде тој, повикувајќи ги градските власти „да го стават здравјето на граѓаните на прво место”.

Мадрид продолжи делумен карантин од вчера во неколку десетици квартови со повисоки стапки на инфекција, отфрлајќи ги препораките на Владата за воведување карантин за целиот град, бидејќи случаите на инфекција во главниот град продолжуваат да растат.

Бројот на заразени лица во Шпанија се зголеми за 12.272 од претходниот ден до петокот и се искачи на вкупно 716.481, што е најголем број на заразени луѓе во Западна Европа. Повеќе од 31.000 луѓе починаа како резултат на инфекција со Ковид-19 во таа држава. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот