Без разлика на крајниот резултат, победник од скандалот кој ја тресе Америка е Путин

Најавата на преседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, дека ќе започне формална истрага против претседателот Доналд Трамп ја постави сцената за интензивна политичка борба во Вашингтон, анализира спрски „Блиц“.

Без оглед на крајниот резултат, се чини дека извира еден јасен победник во скандалот предизвикан од телефонскиот повик на Трамп на 25. јули до украинскиот колега Владимир Зеленски. Тоа е рускиот претседател Владимир Путин.

Кремљ досега се воздржуваше од коментари. Дмитриј Песков, портпаролот на Путин, во вторникот рече дека Москва едноставно надгледува „уште еден низ на внатрешни американски политички искрења“, речиси како да опишува нова сезона од популарната серија „Куќа од карти“.

Но Путин не е само пасивен надгледувач на украинската драма. Главната теза во средината на политичката олуја во Вашингтон е дека Трамп се заканил дека ќе ја повлече војната помош на Украина, доколку украинскиот лидер не отвори истрага против демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден и неговиот син Хантер.

Сега е речиси познато дека американскиот лидер се закани со стопирање на речиси 400 милиони долари војна и безбедносна помош за Украина на една недела пред разговорот со Зеленски.

Иако не е возможно да се знае што мисли Путин, со сигурност може да се погоди дека вестите за можното одлагање на воената помош за Украина биле добредојдени од негова страна, пишува Си-Ен-Ен.

– САД во текот на последните пет години беа најважен сојузник на Украина, не само во смисла на воената помош, не само во смисла на притисокот и санкциите, туку и преку предводењето на меѓународната заедница, така да сега Русите би требало да се многу задоволни поради целата ситуација – изјави поранешниот украински министер за надворешни работи Павло Климкин.

Вреди да се спомене дека Путин е на спротивната страна на конфликтот. Русија го анектираше полуостровот на Црното Море Крим од Украина во 2014 година и ги поддржа сепаратистичките бунтовници во регионот на Донбас на истокот од Украина.

Експлозијата на патриотизам која проследи по анексијата на Крим на Путин му донесе голем скок во популарноста. А таканареченото „повторно обединување на Крим“ се чини дека е дел од поголемиот проект на лидерите во Кремљ: неутрализирање на распадот на Советскиот Сојуз, нешто што Владимир Путин го нарече „најголема геополитичка катастрофа“ на 20. век.

Во многу можности Путин јасно стави и стави до знаење на Украина дека не ја смета за легитимна држава, наведува американкиот медиум Си-Ен-Ен.

Независна Украина, која на светската мапа се појави во 1991 година, се создаде од Украинската советска социјалистичка република, која беше дел од СССР. Украинската ССР беше едно од главните боишта за време на Втората светска војна. Нејзината западна и јужна граница беше проширена по војанта и ги опфаќаше делови на предвоена Чехословачка, Романија и Полска. Советското раководство во 1954 година го префрли Крим од Руската Советска Фередеративна Соицијалистичка Република во Украинската ССР, со промена на внатрешните граници што потоа имаше конбни последици за независна Украина, анализира српскиот медиум.

Во интервјуто со американскиот режисер Оливер Стоун во јуни, Путин рече дека смета повторното спојување на Русија и Украина е „неизбежно“. Во другата историска дигресија, во царски стил зборуваше за украинскиот идентитет.

– На пример, верувам дека Русите и Украинците всушност се еден народ – рече Путин.

– Еден народ, две нации? – одговори Стоун.

– Всушност еден народ – рече Путин.

– Овие земји кои сега се јадрото на Украина и се придружија на Русија. Постоеа само три региони – Киев, Киевската област, северна и јужна регија – никој не сметаше дека се нешто друго освен Руси, бидејќи се беше основано на една верска припадност. Сите беа православни и се сметаа за Руси. Не сакаа да бидат дел од католичкиот свет, каде ги вовлече Полска – рече тој.

Тоа што Путин сепак не го спомна е дека Украина сега има искуство од повеќе од четвртина век државност кое го зацврсти новиот национален идентитет. Многу од војниците кои се борат против руските сепаратисти во Украина зборуваат руски. Зеленски, новиот претседател на Украина, исто така зборува руски. Нивниот избор на јазикот не ги прави помалку Украинци – сметаат експертите.

Украина се бореше, како и поголемиот дел на пост-советски држави, со корозивното наследство на тоталитарната власт. Земјата се уште пати од корупцијата и слаба традиција на владеење на законите.

Дебатата во Вашингтон, која Украина ја претставува како корумпирано и нефункционално место, и овозможува на Москва да ја отсвири својата омилена музичка тема: оддалечувањето на Украина од Русија и донесе хаос, сиромаштија и судири. За Путин украинскиот хаос во САД е уште една можност да ја потсети руската јавност дека не постои алтернатива на неговата власт, заклучува Си-Ен-Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот