Без публика од странство на Олимписките игри во Токио!?

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Олимписките игри ќе се одржат ова лето во Токио, а според медиумите во Јапонија публиката од странство најверојатно нема да може да присуствува на нив.

Тамошниот весник „Мајнити“ ја пренесе изјавата на неименуван извор, дека е донесена одлука за забрана за присуство на навивачи од странство.

Но, конечната одлука ќе биде донесена за еден месец.

– Во сегашната ситуација, невозможно е да се донесат странски гледачи – весникот цитира изјава од неименуван владин службеник, кој учествувал во разговорите.

Изборот воедно ги објави наводите еден час пред организаторите на Олимписките игри да разговараат со претставници на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Меѓународниот параолимписки комитет, градските власти на Токио и јапонската влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот