Без прогласување на шампион, прекинати натпреварите во пинг понг!

За да нема оштетени клубови, пинг понгарската федерација заедно со собранието на клубови донесоа одлука да нема испаѓање од лигите.

Пандемијата со коронавирусот како и во останатите спортови така и во пинг понгот им ја ускрати можноста на натпреварувачите на спортските терени да покажат кој е најдобар.

Пинг понгарските натпревари се прекинуваат, сезоната е завршена, но не на пинг понгарската маса, туку на зелена маса. Ставовите на раководството на пинг понгарската федерација и собранието на клубови на својата последна седница само ги потврди управниот одбор на пингпонгарската федерација.

Со одлуката за прекин на првенството и завршување на сезоната без прогласување на шампион за сезоната 2019/20 најмногу изгубија првопласираните четири екипи во супер лигата, Младост од Прилеп, Шампион ФА од Штип, Младост 96 од Прилеп и Работнички од Скопје, екипи кои без скоро сигурни учесници во плеј оф натпреварите.

За да нема оштетени клубови, пинг понгарската федерација заедно со собранието на клубови донесоа одлука да нема испаѓање од лигите. Со таа цел супер лигата за сезоната 2020/21 ќе брои десет екипи, додека сите првопласирани екипи според моменталната ситуација на табелите од регионалните лиги, следната сезона ќе се натпреваруваат во првата лига. Со непланираното прекројување на супер лигата во следната сезона првенството сигурно ќе биде поинтересно, бидејќи супер лигата од сезоната 2021/22 повторно ќе брои осум екипи. Затоа интересни борби се очекуваат и за обезбедување опстанок во елитата.

Поради ситуацијата предизвикана со пандемијата од корона вирусот преодниот рок наместо во вообичаениот термин во јуни, поместен е во периодот од 1 до 25 август.

Исто така пандемијата со коронавирусот не дозволи и одржување на поединечните државни првенства кои на пингпонгарскиот календар беа во март. Истите се планирани да се одржат во месец септември, за кога е планиран и почетокот на новата сезона. Завршните топ турнири на кои учестввуваат најдобрите играчи оваа година нема да се одржат.

Покрај сите лоши вести предизвикани од пандемијата, радосна вест стигна од европската пин гпонгарска федерација на која на сите клубови без разлика во којалига се натпреваруваат им се овозможува да учествуваат во соодветните натпреварувања во рамките на европските купови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот