Без „полициски час“ и со затворени угостителски објекти: Финска се затвора на три недели

Фото: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Финската премиерка Сана Марин најави тринеделни строги епидемиолошки мерки во борбата против ковид-19 поради раст на бројот на новозаразени лица на дневна основа во земјата.

Владата во Хелсинки соопшти дека мерките ќе стапат во сила на 8 март и во нив ќе нема „полициски час“, но затоа угостителските објекти ќе бидат привремено затворени.

Онлајн настава ќе биде задолжителна за сите учесници над 13-годишна возраст.

Марин, исто така, нагласи оти е подготвена да прогласи и вонредна состојба во Финска за што веќе разговарала со претседателот Саули Нинисто, пренесе „Ројтерс“.

– Ако чекаме влошување на ситуацијата, ќе биде уште потешко да ја запреме, изјави Марин.

Финска во моментот има трет најнизок степен на запаза во Европа, по Исланд и Норвешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот