Без покрив на глава останаа 3.489 лица во Тирана, собрани над пет милиони евра

Фото: ABCnews

Премиерот на Албанија, Еди Рама, на денешниот владин состанок направи биланс на бројот на жители кои се вдомени, како и за зградите кои се уништени од катастрофалниот земјотрес, во кој животот го загубија 49 лица, додека над 750 се повредени.

Рама рече дека освен во Драч и Тумана, оштетувања на домовите има и во Тирана.
Според него, иако се работи за првичен биланс, во Тирана 3.480 жители, се без покрив над главата.

-Во делот од Драч 1.260 жители се сместени, од кои 625 во хотели и 360 во спортски сали. Другите се или кај своите блиски роднини  пријатели или под чадори. Во Тумана околу 500 луѓе се сместени под чадори, но е започнато нивното транспортирање низ хотелите во Шенѓин. Денеска чадорите во Тумана и во Лач ќе бидат тргнати и жителите ќе бидат сместени во хотели. Во Драч 701 згради се оштетени, 12 тотално се уништени, 176 објекти се срамени со земја- кажа Рама.

Рама додаде дека првичниот биланс на пристигната помош е многу ветувачка. Досега се собрани пет милиони евра и 1.5 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот