Без нив веќе ништо нема да биде исто: Исклучителни жени кои ги загубивме во 2020 година

Тешко е да се сфати количината на загуба што ја видовме за една година поради пандемијата, околу 1,8 милиони луѓе ширум светот го загубија својот живот поради компликации од вирусот ковид-19. Но, во текот на минатата година, како и секоја друга година, си заминаа и познати личности, само овојпат грутката тага беше потешка зашто масовното собирање на погреби не беше дозволено, а често погребите беа и откажани.

Некои од овие загуби одекнаа низ целиот свет, како на пример смртта на судијката во Врховниот суд на САД, Рут Бадер Гинсбург, која почина на 18 септември, на 87-годишна возраст. Иако пандемијата беснееше, толпа народ се собра пред Врховниот суд за да ѝ оддадат почит на жената која ја помина својата кариера во борба за родова еднаквост.

фото фејсбук

Додека Гинсбург беше една од најпознатите жени што ги изгубивме оваа година, си заминаа и безброј други големи дами. Кетрин Џонсон, која беше „скриена фигура“ на вселенскиот лет, почина на 24 февруари на 101. година.

Џонсон ги разви формулите кои ѝ помогнаа на НАСА да испрати астронаути на Месечината, а подоцна беше призната како пионер за борбата на правата на афроамериканките.

Кетрин Џонсон, фото – фејсбук

Во 2020 година, на 22 февруари, на 70-годишна возраст си замина модниот магнат Барбара „Б“ Смит, запаметена како една од врвните афроамерикански модели во 70-те години од минатиот век, која ги красеше насловните страници на познатите списанија. Подоцна основаше гламурен ресторан, беше тв-водителка, но и инфлуенсерка која ја следеја илјадници жени поради нејзиниот начин на живот.

фото фејсбук

Почина и Бети Вилијамс (на 76 годишна возраст), која доби Нобелова награда за мир за нејзините напори да се прекинат немирите во Северна Ирска, како и Хелен Реди (на 78 години), чија песна од 1970-тите „Јас сум жена“ стана химна во женските движења,

На 10 ноември почина Лусил Бриџис, активистка за правата на афроамериканките, мајка на Руби Бриџис Хол – првото афроамериканско дете кое посетувало училиште за „белци“ на југот на Соединетите Американски Држави. Десет дена подоцна си замина и Јан Морис, британска авторка и плодна писателка, особено позната по патеписите, која беше една од најпознатите трансродови личности во светот.

На самиот крај на годината, на 30 декември, од компликации предизвикани од ковид-19, почина актерката Доун Велс. По актерската кариера, Велс беше позната под името Мери Ен како влијателна писателка на книги за готвење, но и по својата книга – мемоари.

Ѕвездата на кантри музиката, добитничка на Греми, К.Т. Ослин, почина на 21 декември, една недела откако ѝ беше дијагностицирана пневмонија предизвикана од ковид-19. Имаше 78 години. Ќе остане запаметена како извонредна пејачка и текстописец, најпозната по тоа што била првата жена што освоила награда – песна на годината на CMA Авардс, уште во 1988 година.

Ен Раинкинг, актерка, пејачка, танчерка и кореографка, добитничка на наградата Тони, почина на 12 декември на 71. година. Била обожавана по своите танчерски вештини, но и позната по нејзината лична и професионална врска со режисерот и кореограф Боб Фос. Таа славно ја замени Гвен Вердон во улогата на Рокси Харт во оригиналната продукција на мјузиклот „Чикаго“, а токму оваа улога се сметаше за преродба во 1996 година, за која исто така освои „Тони“ за најдобра кореографија.

Уште една глумица си замина во 2020, Италијнката Дарија Николоди (на 26 ноември, на 70-годишна возраст), која беше позната и по своите сценарија за популарни флмови, во кој чести беа соработките со Дарио Арџенто, како на пример во „Deep Red“, „Inferno“, „Tenebrae“, „Phenomena“ и „Opera“. Николоди и Арџенто се родители на актерката Азија Арџенто.

Ники Мекибин, популарна финалистка во првата сезоната Американски идол, почина од последица на аневризма на 28 октомври, таа имаше само 42 години.

Леанза Корнет, која беше крунисана за Мис на Америка во 1993 година, почина на 28 октомври откако беше хоспитализирана поради повреда на главата, по паѓање. Таа имаше 49 години. По освојувањето на титулата Мис на Америка, Корнет се појавила во неколку телевизиски серии.

профимедиа

Почина и легендата на Дизни, Марџ Шампион на 21 октомври на 101. година од животот. Шампион беше позната танчерка, актерка и модел за ликот на Снежана во Снежана и седумте џуџиња, но и за анимираните филмови „Пинокио“ и „Фантазија“. Настапувала и на Бродвеј, а одиграла повеќе споредни улоги во долгометражни филмови. И уште една ѕвезда на „Дизни“ – Бони Лу Керн, една од оригиналните маузкетари во клубот Мики Маус, почина на 28 септември на 79-годишна возраст. На само 14 годишна возраст Керн станала глумица и ѕвезда! А од Дизни ги добила и најпрестижните награди.

Во октомври, на 97 годишна возраст, си замина и Ронда Флеминг, класична филмска ѕвезда некогаш позната како „Кралица на техниколор“.  Остварила бројни филмски улоги, меѓу кои и во филмови на Алфред Хичкок.

Маргарет Ноланд, профимедиа

Глумицата Маргарет Нолан, која се појави на екранот заедно со Џејмс Бонд и Битлси, почина од рак на 5 октомври. Имаше 76 години. Ден претходно, на 4 октомври, се самоуби активистката Дејзи Колман, на само 23 годишна возраст. Колман беше позната по споделувањето на своето искуство како преживела силување и последователно злоставување и малтретирање преку Интернет, а како резултат на тоа се појави во документарниот филм на Нетфликс „Одри и Дејзи“. Се самоуби и јапонската глумица Јуко Такеучи, на само 40-годишна возраст, најпозната по улогата во хорор-филмот „Прстен“.

Џеки Сталоне, забавувач, астролог и мајка на Силвестер Сталоне, почина во сон на 21 септември. Таа имаше 98 години. Иако беше најпозната како мајка на ѕвездата на „Роки“,  Џеки имаше своја значајна кариера, а беше и астролог кој објавуваше книги, се појавуваше на телевизија и имаше своја телефонска астро-линија.

профимедиа

Дајана Риг почина на 82-годишна возраст, според нејзиниот агент британската актерка починала мирно во нејзиниот дом на 10 септември. Позната е по улогата во филм со Бонд (во 1969), како и со улогата во „Игра на троновите“, популарна серија на ХБО. Мирно, во сон, на 104 години, во својот дом во Париз, си замина и Оливија де Хавиленд, холивудска везда и двократна добитнича на Оскар за најдобра актерка. Остана запаметена по улогата на Мелани во филмот „Однесено со ветрот“.

Трагично загина ѕвездата на „Glee“, Наја Ривера, која беше пронајдена мртва на 13 јули откако исчезна за време на патување со брод. Имаше само 33 години. Во светот на Холивуд беше присутна од 4-годишна возраст, а пред неа беше блескава кариера.

Наја Ривера, фото профимедиа

Актерката Кели Престон почина на 12 јули на 57-годишна возраст, по 2-годишна борба со ракот на дојка. Престон, кој беше омажена со Џон Траволта, беше позната по повеќе филмски улоги меѓу кои и улогата во Џери Мегваер, Бизнаци и други. Нејзината последна филмска улога беше во „Готи“ од 2018 година, во која се појави како сопруга на шефот на мафијата, Џон Готи, филм во кој глумеше и Траволта.

Бени Мардонес, кантавторка која се потпишува и зад славната балада од 1980 година „Во ноќта“ почина на 19 јуни на 73-годишна возраст. Мардонес издаде три хит албуми за време на нејзиниот живот.

Режисерката Џоел Шумахер почина на 22 јуни на 80 години. Филмската режисерка, родена во Њујорк, имаше бројни заслуги меѓу кои и The lost boys, A time to kill, Falling Down, два филма за Бетмен и многу други. Почина тивко од рак, по едногодишната битка со болеста.

Легендарната пејачка на соул и R&B, Бети Рајт, почина на 10 мај. Имаше 66 години. Нејзината причина за смртта сè уште е непозната. Рајт, роден во Мајами, пеела од 2-годишна возраст кога настапила со своите браќа и сестри. Добитничката на Греми награда не само што напиша бројни хитови за себе, туку и за други пејачи, вклучувајќи ги Глорија Естефан и Џенифер Лопез.

Си замина и актерката Хонор Блекман на 94-годишна возраст од природна смрт, на 6 април. Блекман беше позната по улогата во филмот „Голдфингер“ со Џејмс Бонд во 1964 година.

Како бомба на 10 јануари на поранешно југословенските простори одекна веста дека во 67 година на животот не напушти легендарната српска глумица Неда Арнериќ.

На почетокот на февруари 2020, почина првата претставничка на Југославија на Евровизија во 1961 година, Лилјана Петровиќ. Петровиќ почина на 81.година.

Популарната писателка Исидора Бјелица почина на 5 август во 53-та година од животот, после долга и тешка борба со ракот на јајници.

Фото: Инстаграм

Пред самиот крај на годината не напушти Милка Бабовиќ, (родена во Скопје во 1928 година), која беше југословенска репрезентативка во атлетика, новинарка и спортска коментаторка. Во Југословенската репрезентација учествувала цели 15 години. Бабовиќ почина на 93 годишна возраст. Остана запаметена како жената која ја внесе бојата на спортските натпревари во времето кога превладуваа црно-белите телевизори, бидеќи на сите пренос ги опишуваше костимите или дресовите на натпреварувачите.

принтскрин

На 11 март почина Ружа Балог, позната српска интерпретаторка на народни песни. Својот раскошен талент го покажувала од раното детство, а на само 18 годишна возраст заминала во Сараево каде станала вокален солист на РТВ Сараево. Зад себе остави богата ризница на севдалинки и староградски песни.

Уште една интерпретаторка на староградски песни, Изета Беба Селимовиќ, почина на 10 март во сараево. Многумина ја нарекуваа дама на севдалинките поради нејзиниот сериозен и чесен однос кон професијата, но и поради нејзиното сериозно однесување на естрадата.

Пејачката Милица Остојиќ, позната како Мица Трофртаљка, почина на 8 март, во 77-та година од животот. Освен што беше позната по песните, се појавила во неколку филмови меѓу кои „Убавите села убаво горат“, „Ние не сме анѓели“, „Мирисот на послкото цвеќе“ и „Рани“.

На 7 јуни си замина српската феминистка и борец за родова еднаквост Марина Благојевиќ Хјусон, која работеше како научна советничка на Институтот за криминолошки и социолошки истражувања во Белград. Уште една феминистка замина истата година, од Сараево, Нада Лер Софрониќ, професрока на Факултетот на политички науки позната по своите залагања за рамноправност и општествена правда. Си замина и првата жена-ректор во Србија, Даринка Матиќ Маровиќ, која беше диригентка и декан на Факултетот за музички уметности. Ректор на Универзитетот била дури пет мандати. Во текот на својата 45 годишна кариера диригирала над 10. илјади концерти.

По кратка и тешка болест почина пејачката Зденка Вучковиќ која ќе остане запаметена по песната „Моја мала девојчица“, а поради овој хит бргу стана ѕвезда уште во раната младост.

2020 година беше кобна и за доајенката на македонската музика, Нина Спирова. Познатата прилепчанка почина на 82-годишна возраст, во септември.

Видео на денот