Без никаков проблем завршен пробниот попис во Штип

Штип / Фото: МИА

Успешно заврши пробниот попис во четирите пописни кругови во Општина Штип.

Тони Јованов од Државниот завод за статистика, кој беше надлежен за пописните кругови во селото Чардаклија и приградската населба Три Чешми, вели дека попишувачите немале проблеми на терен и населението без проблеми го прифатиле пробниот попис.

– Како попишувачи немавме проблеми, населението беше гостопримливо, а целта со пробниот попис ни беше да го тестираме новиот систем. Имавме двајца инструктури и четири попишувачи, кои пописот го реализираа на лице место – вели Јованов.

Тој забележува дека подетални информации околу попишаното население не можат да дадат, бидејќи ова е пробен попис, што треба да утврди како функционира новиот систем, со цел доколку има недостатоци да се корегира до наредната година, кога и официјално на терен ќе се спроведе пописот на населението на територија на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот