Без Миовски и Алиоски ќе атакуваме на победа против Азербејџан

Селекторот Благоја Милевски и репрезентативецот Енис Барди со очекувањата пред мечот со Азербејџан/фото: ФФМ

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и репрезентативецот Енис Барди на официјална прес-конференција говореа за очекувањата од утрешниот пријателски натпревар против Азербејџан на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Контролниот меч ќе се игра од 14.00 часот, Милевски за жал нема да ги има на располагање Бојан Миовски поради болест, а поради приватни причини ослободен е Езџан Алиоски.

– Ќе мора да играме без Миовски и Алиоски. Ние на секој натпревар играме да победиме, нема да биде поразлично и утре. Секогаш играме на победа, се надевам така ќе биде и против Азербејџан. Знам дека Азебејџан добро нè скаутирал, но се надевам дека нашиот квалитет ќе излезе на површина и ќе стигнеме до победа. Јас инсистирав на вакви противници, различни и квалитетни, Финска е топ репрезентација, Азербејџан игра навидум поразличен фудбал, но нивните последните натпревари го потврдуваат нивниот квалитет, очигледно е дека селекторот добро си ја работи работата. Имаат одлични индивидуалци и се агресивни. Ние имаме квалитет, слабостите ги анализиравме од мечот со Финска, мислам дека се тоа моменти на деконцентрација и ќе направиме сè да ги поправиме грешките, кои не смееме да ги имаме на официјалните мечеви следната година со оглед на квалитетот на противниците – изјави Милевски.

Барди, стрелецот на израмнувачкиот гол против Финците вели дека треба да се поправат малите грешки кои ги имаа пред два дена.

– Денеска нема фаворити во фудбалот, на нас е да одиграме максимално добро. Ја анализиравме средбата со Финска, треба да ги поправиме малите грешки што ги имавме, се надевам на позитивен резултат со Азербејџан. Противникот е физички силен, ние ќе ги нападнеме и сакаме да дојдеме до победа за поголема самодоверба и со успех да ја завршиме годината – се зборовите на играчот на Трабзонспор.

ВИДЕО: Македонија нема пораз во досегашните натпревари против Азербејџан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот