УЕФА со висока казна за Фенербахче

Фото: twitter.com/45Skor

Европската фудбалска унија донесе одлука да му забрани регистрација на нови играчи на Фенер поради неподмирени финансиски обврски. Оваа казна не се однесува за следната натпреварувачка сезона 2019/20.

– Фенербахче не ги исполни условите од договорот, не ги подмири финансиските обврски во склоп со буџетот предвиден за 2018 година, рокот беше до 20 мај – се вели во соопштението на УЕФА.

Арбитражната комисија на УЕФА задолжена за финансиска контрола исто така одлучи на клубот да не му бидат исплатени два милиони евра кои ги требаше да ги добие како награда од учеството во европските натпреварувања.

Нема да можат да регистрираат нови играчи во сезоните 2020/21 и 2021/22. Додатно е тоа што турската екипа за учество во европските натпреварувања може да регистрира само 23 играчи.

Досега за тимот настапуваше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој се очекува летово да потпише за Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот