Без јасен договор за Иран состанокот со ОПЕК+ е бесцелен

Доколку претходно нема јасен предлог и проценка каков би бил ефектот на овие разговори посветени на пазарот за нафта тогаш воопшто и нема потреба од одржување на ваков состанок, смета Занганех.

Иран не се согласува со одржувањето на било каков состанок на групата земји извознички на нафта ОПЕК+ доколку претходно нема јасен предлог и проценка каков би бил ефектот на овие разговори посветени на пазарот за нафта, стои во писмото на иранскиот министер Биџан Занганех, пренесува Ројтерс.

– Нејасните предлози кои се повод за организирање на престојниот министерски состанок на членките на ОПЕК и останатите извозници на нафта сериозно ме загрижуваат, напишал Занганех во писмото кое го испратил до алжирското министерство за нафта, кое претседава со ОПЕК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот