Без Иско нема титула за Јувентус

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Андреа Пирло, легендарниот италијански фудбалер кој со екипата на Милан, два пати триумфираше во Лигата на шампионите, откри што му е потребно на Јувентус за да биде најдобар во Европа. Пирло кој исто така го носеше и дресот на Јувентус, од 2011 до 2015 година, изјави дека на „старата дама“ и е потребен фудбалер од калибарот на Иско од Реал Мадрид.

– По мое мислење, потребен им е играч како Иско.  Јувентус е на едно повисоко ниво во Италија, осум години по ред се шампиони во Серија А, но потребен им е успех во Лигата на шампионите. Најголемиот проблем на тренерот Алегри и на Јувентус е средниот ред. Го донесоа Кристијано Роналдо но не доаѓа успехот со него, оваа екипа нема играч кој знае како да му додаде на Роналдо но и како да креира акција. Потребен е „мозок“ на екипата, и најблиску до тоа што му е треба на тимот е Иско, без него нема да има ниту титула за Јувентус – изјави Пирло.

Поранешниот репрезентативец на Италија, исто така го знае идеалното решение доколку Масимилијано Алегри ја напушти клупата на „старата дама“. Тоа е тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино.

– Покетино е идеален тренер за Јувентус. Тој е современ тренер кој долго време работи во Англија – додаде Пирло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот