Без Елмас и Костадинов во баражот

Елиф Елмас нема да може да игра на бараж натпреварот поради жолти картони/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва оствари голема победа, го совлада Исланд со 3:1 и обезбеди пласман во баражот за пласман на Мундијалот на Катар.

Големиот успех на фудбалерите го расипа податокот дека во првиот од евентуалните два бараж натпревари, Македонија ќе мора да настапи без Елиф Елмас и Тихомир Костадинов кои пожолтеа против Исланд. Тоа за нив беше втор жолт картон во квалификациите за СП, што значи суспензија за наредниот натпревар, а тоа е баражот кој треба да се игра во март идната година.

Според пропозициите, 12-те европски репрезентации кои ќе обезбедат пласман во баражот, ќе бидат поделени во три групи со по четири селекции и ќе се игра по принцип на елиминјација. Ќе се играат два полуфинални натпревари во секоја група, а победниците во меѓусебен дуел ќе го одредат патникот во Катар. Пласман на СП во Катар преку баражот ќе обезбедат само победниците во трите групи.
Ждрепката за одредување на групите ќе се одржи на 24 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот