Без електрична енергија утре повеќе делови од Кисела Вода, Центар и Карпош

ЕВН Македонија
ЕВН Македонија АД / Фото: МИА

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе останат неколку улици во општините Кисела Вода, Центар и Карпош, соопштија од ЕВН.

Од 8.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците: Томе Стефановски и Славка Димкова во нас. Драчево, (Општина Кисела Вода).

Од 8.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. 166, (Општина Центар), а од 8.30 до 10.30 часот, корисниците од делови од улиците: Иван Цанкар, Бела Краина и Франц Месеснел во населба Влае (Општина Карпош).

Од 9.00 до 13.00 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. Петар Поп Арсов бр. 40, (Општина Центар), од 9.15 до 13.30 часот, корисниците од ул. Радика, зграда број 1 и ул. Огражден, згради број 1, 2 и 3, (Општина Карпош), а од 11.30 до 14.30 часот, корисниците од дел од ул. Франц Прешерн (Општина Карпош), информират од ЕВН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот