13 C
Скопје

Бетонски „окупатори“ навалија на територијата на Водно

Борова шума со висок квалитет, со жив свет во неа, подигната да го заштити Скопје од порои, е тргната од заштитено подрачје со амин на експертите и на биолозите, кои ја кроеја Студијата за Водно за да им се отворат портите на градежно-урбанистичката мафија и на коруптивните зделки, прозиваат од невладината „Го сакам Водно“.

Екологистите неколкупати отворено се спротивставија на концептот на заштита на Водно што го нуди Министерството за животна средина, со кој се дозволува градење на 40 проценти од дел од територијата на планината, дури и на станбени објекти и на хотели. Со ваквото предложено решение, критикуваат од „Го сакам Водно“, јасно се гледа намерата урбанизацијата на Водно уште повеќе да се олесни.

– Бараме стопирање на ваквата одлука и донесување закон за заштита на Водно, што беше ветено од Владата во 2018 година, кога стартуваше изградбата на гасоводната траса преку планината – велат од ова еколошко здружение.

Екологистите критикуваат дека Град Скопје и општините, на чии територии се делови од Водно, брзаат со издавање одобренија за градба, иако уште не се определени границите на ерозивното подрачје и не се утврдени мерките и работите за заштита на земјиштето и уредувањето на пороите.

– Не се нуди суштинска заштита на планината и нејзините природни карактеристики и на општествената функција која ја извршува, односно заштитата од поплави. Вака скроената „заштита“ овозможува засилена урбанизација на подножјето на Водно, кое и досега беше нападнато од нелегални градби – велат од „Го сакам Водно“.

Поврзани вести

ВИДЕО | Се слушна ѕвоното во Детската клиника: Малата Ана ја доби борбата со болестите

Слободен печат

Утре се одбележува Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот

Слободен печат

Бегал од полиција, па со 140 км на час удрил во лежечки полицаец

Слободен печат

Двајца станари со деменција побегнале од старечкиот дом во Тенеси благодарение на воената обука, персоналот казнет

Слободен печат

Деспотовски: Заврши времето на евтина работна сила, немаме луѓе за извоз

Слободен печат

Успорената демографија нема да ја сопре Кина

Гидеон Рахман/Financial Times

Остави Коментар