Бесплатно скијање во битолскиот скијачки центар „Нижо Поле”

Јавното претпријатие „Стрежево” – Битола, кое стопанисува со скијачкиот центар „Нижо Поле” денеска и утре за скијачите овозможи бесплатен скијачки викенд.

Скијачките патеки во „Нижо Поле” (1.600 м.н.в.) се подготвени за скијање, а на располагање се и три ски-лифта со вкупна должина од 2.150 метри и капацитет од 3.000 скијачи на час.

– Снег има доволно и скијачките патеки се подготвени за скијање, но нашата прва задача во пресрет на бесплатниот скијачки викенд беше да ги извршиме и ги извршивме сите подготовки за безбедно скијање и престој на скијачите и рекреативците со почитување на мерките за заштита од Ковид-19. Викендов имаме посебна редарска служба, ќе предупредуваме за задолжително носење на маски и одржување на дистанца – истакна Методија Граматковски, генереален директор на ЈП „Стрежево” – Битола.

Скијачкиот центар „Нижо Поле” кој се наоѓа над истоименото населено место на планината Баба ќе овозможи и ноќно скијање доколку тоа го дозволат временските услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот