Бесплатно пливање за сите првачиња и деца со попреченост во Општина Аеродром

Општина Аеродром наскоро ќе започне со реализацијата на проектот „Учиме да пливаме“ во чии што рамки e предвидено бесплатно пливање за сите првачиња и сите деца со попреченост од основните училишта во oпштината.

– Со субвенционирањето, сите опфатени ученици добиваат: часови пливање, опрема за пливање (капа, наочари), пешкир, сертифициран спортски едукатор како и превоз на учениците од училиште до базенот и назад – информираат од Аеродром.

Од локалната самоуправа додаваат и дека, проектот е изработен во соработка со Сојузот за училишен спорт на Општина Аеродром и во реализација на „Скај велнес“, и предвидува создавање услови за најмладите да добијат соодветна обука и совладување на вештините за пливање, кое како што велат оттаму, има клучна улога во правилниот психо-физички развој и здравјето на децата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот